Вовед Кога се определивме за принципите на нашето работење, одбравме во центарот на вниманието да ни биде задоволството и на најпребирливите потрошувачи. Работејќи напорно создадовме производ кој во себе ги обединува традицијата и убавината на природниот камен со последните движења на технологијата. Строгата контрола ги прави нашите производи со врвен квалитет. Во фокусот на нашето работење е купувачот и неговите желби. Затоа, се трудиме да го направиме светот подобро место за живеење, работејќи според светските еко-стандарди.
За нас Компанијата Урбан Инвест, основана во 1990 год., е најголемиот производител на павер елементи и Mozaik Stone плочки во Македонија и Балканот. Во текот на изминатите 17 години, Урбан Инвест, преку својата диверзифицирана производствена програма, високо едуциран кадар, новата софистицирана технологија и високо развиениот еколошки и социјален бизнис пристап, стана еден од главните учесници во индустријата за градежни материјали во Македонија и на околните пазари.
Компанијата е основана од страна на Г-дин. Јован Грков, градежен инженер со големи амбиции и висок ентузијазам, кој во тоа време ги препозна пазарните можности во развојот на градежната индустрија во Македонија. На почетокот , дејност на фирмата беше проектирање и изградба на различни видови приватни објекти (куќи,бензински пумпи, паркинг простори и сл. ).
Во 1993 Урбан Инвест, инвестираше во опрема за производство на бетонски павер елементи (бетонски павер блокови,ивичњаци и други декоративни бетонски продукти) и стана единствен производител и изведувач на овој вид градежни материјали во Македонија. За кратко време, производите на компанијата станаа синоним за павер елементи во Македонија (учеството на Урбан Инвест на овој пазар се проценува на повеке од 50%). Во текот на изминатите седумнаесет години Урбан Инвест, ги прошири своите бизнис активности и во други сегменти од градежната индустрија. Во 2000 година, компанијата започна со производство на Mozaik Stone, последната генерација на "терацо" плочки. Во 2002 година, компанијата започна и со проектирање и изградба на модерни станбени згради на неколку од најатрактивните локации во Скопје.
Производниот погон на Урбан Инвест се наоѓа во с.Возарци, во близина на Кавадарци, на површина од 15.000 м². Во моментот, Урбан Инвест има 200 вработени, добро обучен и високо квалифициран кадар.
Урбан Инвест е препознатлив како водечка компанија во земјата, по повеќе фактори, од кои најважен е квалитетот на услугата ,а уште поважна е и можноста да се понудат производи со одличен естетски / функционален и ценовен / квалитет. Во 2004 година, компанијата се здоби со интернационален сертификат BSI EN ISO 9001:2000. Денеска компанијата е организирана во четири производни линии, со план да се отвори уште една во текот на 2007/2008 година:
- Производство на павер елементи и бетонска галантерија;
- Производство на Мозаик стоне плочки;
- Каменолом;
- Станбена изградба;
Исто така можеме да се пофалиме дека сме една од ретките компании кои на своите потрошувачи им нуди целосен пост-продажен сервис (транспорт, подготовка за монтажа, монтажа). За успешноста на оваа наша заложба говорат и илјадниците м² поплочени патеки, паркиралишта, уредени дворови, јавни установи и сл. Наш императив е квалитетот и долгиот век на траење на нашите производи. Затоа во процесот на производство во нашата компанија се работи по светски пропишани норми и стандарди.
Визија Да бидеме меѓу светските производители на Mozaik Stone плочки, да докажеме дека нашето производство на основ на прекрасните македонски камења, со помош на најдобрата светска технологија, можеме да го направиме достапно - со највисок квалитет, секаде во светот. Да бидеме балкански лидери во производството и сервис на Павер елементи и бетонска галантерија.
Мисија Да ги направиме нашите купувачи да бидат задоволни со изборот на нашата услуга. Да ги разбереме нашите купувачи и на тој начин да ги задоволиме нивните потреби и барања. Да ги оспособиме нашите вработени за свесност за разбирање на купувачите,а со тоа и активно да ги вклучиме во тој процес на задоволување на нивните потреби и барања.
|